Руските научници откриле антиоксиданс кој го одложува процесот на стареење, а новата формула ја тестирале врз стаорци, глувци и кучиња. Иако оваа интересна идеја делува како да е од некој научно фантастичен филм, капсулата која го одложува стареењето може да стане реалност! Руските научници го тестираат овој медикамент со надеж дека луѓето би можеле да живеат барем до 120 години. „Многу болести кои се поврзани со стареењето за време на истражувањето на дејството на оваа капсула се развивале многу побавно“ изјавил Максим Скулацев од универзитетот во Москва.

 

Тој и неговите колеги се надеваар дека чудесниот лек би можел да влијае на митоходријата – одговорна за производството на енергија, но и за почетокот на стареењето. „Митоходнријата е одговорна за срцевите удари, а исто така е поврзана и со болестите како што се Алцхајмер и Паркинсоновата болест“ потенцира Скулацев. Тој вели дека е реално да се очекува дека животниот век на луѓето може да се продолжи на 120 години со користење на лекови против стареењето, но не очекува дека човечкиот живот да биде продолжен за 800 години на пример. Новите лекови не би придонеле за драстично продолжување на животот, туку дека амо би го одложиле процесот на стареење во човековиот организам.