– Најбитно е тоа што ов походот кон целта тргнавме со победа, смета голманот на охридските бели, Никола Капрически кој за прв пат во својата кариерата ја носеше капитенската лента. За охридскиот голман ова беше само третиот натпревар сезонава како успеа да ја одржи мрежата не`гибната.


Резултатот е она што се памети по завршувањето на натпреварот, индувидуалните квалитети ги ставам во служба на тимот – вели капитенот.

Охрид во трката за опстанок наредната недела го очекува тешко гостување кај Брегалница од Штип, еден од аспирантите за влез во елитата.

Одиме да играме фудбал, тие ни се должници од првиот дел кога со 3-0 не совладаа во Охрид. Патот до обезбедувањето на опстанокот е долг и ние одиме натпревар по натпревар. – завршува Капрически.

М.П.