Охридскиот фудбалски клуб продолжи со задржување на костурот од минатогодишната екипа која стигна до баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига. Дел од „рибарите“ и следната сезона ќе бидат капитените Ромео Кочоски и Александар Бакулески.
Кочоски дејствува на средината на теренот како и Бакулески, кој во втората полусезона имаше улога и на помошен тренер на Драган Бочески.
Охрид ги задржа дефанзивците Ајрадин Цуцули и Љупче Трпески и голманот Никола Симоновски, а ги доведе Сашо Шопоски, Игор Клекчароски и Мурат Адили.
„Рибарите“ подготовките за новата натпреварувачка сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе ги започнат в понеделник, а дополнително ќе биде објавен распоредот на контролни мечеви.
OhridNews