Перо Антиќ останува капитен на македонската кошаркарска репрезентација и на Олимпискиот квалификациски турнир во Венецуела, јави македонската информативна агенција МИА.
Пред заминувањето на Македонската кошаркарска репрезентација за Каракас беше најавено дека нов капитен ќе биде Предраг Самарџиски. Дали се работи за нова одлука во репрезентацијата или само технички превид допрва ќе треба да биде разјаснато.
Во првиот меч од предолимпискиот турнир Македонија вечерва од 23 часот по македонско време, во Каракас, Венецуела, го игра првиот натпревар против Ангола.