Капитенската лента не им носи среќа на охридските фудбалери.Во последните три години дури четири капитени влегоа во конфликт со управата или тренерите по што го напуштија Охрид. Последниот во оваа неславна низа е Христијан Димоски кој во првиот дел од сезоната беше најдобриот стрелец во тимот. По неговото назначување за капитен на белите тој рече.
– Чест ми е што ќе ја превземам капитенската лента. Во секој случај одговорноста е голема.
По суспензијата на управата тој не се приклучи на екипата на подготовките и одлучи да го напушти Охрид. Претходно, слична судбина го снајде голманот Трајаноски кој неколку натпревари бранеше со капитенската лента, но по серијата порази на “белите“ беше раскината соработката.
Ваквата низа ја започна Бимбилоски кој го плати данокот на расколот во Охрид, кога клубот беше растргнат помеѓу двете управи. Тогашаниот тренер Трифуноски пред полусезоната го откажа капитенот Бимбилоски. Трифуноски при крајот на сезоната го отпиша и заменикот на Бимбилоски, Лошкоски поради тоа што тој не отпатува на еден натпревар на гостувањата. Лошкоски на последните неколку кола беше префрлен на клупата, а по завршувањето на сезоната си замина од Охрид.
Единствен кој имаше среќа со капитенската лента на раката беше Ристе Маркоски. Маркоски го издржа притисокот, но и тој ја промена средината, но ако не друго неговата разделба беше “пријателска”.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com