Утрово репрезентацијата тренираше на стадионот во Чаир. Атмосферата меѓу играчите пред натпреварот со Шпанија е одлична, а инцидентот од вчерашниот тренинг е надминат, велат од репрезентацијата.
Селекторот Јонуз најави дека по завршувањето на мечот со Шпанија ќе има дисциплински мерки кон репрезентативците кои учествуваа во вчерашниот инцидент.