Ракометниот клуб Охрид против холандската екипа Крас-Волендам ќе дебитира на европската ракометна сцена. Двата клубови силите ќе ги одмерат во првото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Купот на ЕХФ.

Капитенот на холанѓаните Лен ван Схи е задоволен од ждрепката, особено што ќе има можност да игра пред добро познатата македонска публика.

– Македонија е убава земја, ракометот им е спорт број еден, а најмногу не привлекуваат навивачите, бидејќи се прави фанатици. Минатата година случајно ја посетив земјата и имав доста добри впечатоци. РК Охрид има неколку интернационалци, што значи дека ќе атакуваат на што подолг престој во европските натпреварувања. Ќе биде добар двомеч, а ние ќе направиме се да поминиме понатаму. – изјави за клупскиот сајт Ван Схи.

Првиот натпревар Охрид го игра на домашен терен на 2 или 3 септември, додека реваншот се игра недела дена подоцна во Холандија. Победникот од дуелот помеѓу Охрид и Волендам ќе се сретне со Порто, кој поради високиот рејтинг паузира во првата рунда од квалификациите.

Обновено: Охрид против Волендам од Холандија во Купот на ЕХФ !

Мх.П.