Поранешниот капитен на „Рибарите“, Гоце Бимбилоски „Бакеро“ во Австралија каде што живее ќе заплива во тренерските води.


Популарниот „Бакеро“ дресот со боите на Охрид го носеше една сезона и тоа во 2006/07 година кога и ја носеше капитенската трака.

По напуштањето на државата љубота кон фудбалот не престана и кариерата Бимбиловски ја продолжи во Волонгонг каде останува две години.

Од таму заминува во Рокдал Сиднеј, а по две сезони минати таму заминува во тимот на Фернхил каде останува две сезони.

Во последниот натпревар од сезоната охриѓанецот го повредува коленото и неславно ја завршува фудбалската кариера.

Репрезентативецот на Македонија до 18 и 19 години моментално изучува тренерски курс за млади категории и планира да се посвети пак на фудбалот.

Тој во фудбалската кариера во Македонија настапуваше за Охрид, Караорман, Пелистер, Братство, Преспа и Новаци.

 

Мх. Постоловски