Најдобриот фудбалер во Србија и предводник на “орлите“ на Светското првенство Немања Видич сака да го заборави настапот на неговата репрезентација од мундијалот пред четири години во Германија.

– Сите репрезентативци имама една заедничка цел а таа е да ја поминиме групата, и све ќе направиме да ја оствариме. Јасно е дека нема лесни противнци на мундијалот, максимално ги респектирам репрезентациите во нашата група. Не треба да разговараме за силата на Германија, Гана е доста цврста репрезентација и има доста фудбалери кои играат во водечките лиги ширум Европа. смета капитенот на Србија, Немања Видич


– Сите ќе напаѓаме сите ќе се браниме како добра репрезентација. Само така можеме да успееме во тоа што го имаме зацртано со селекторот Радомир Антич. Во вториот круг од Светското првенство среќата ќе игра голема улога, све се случува во 90-ет минути. Повеќето фудбалери по прв пат ќе заиграат вакви натпревари а ние како искусни треба да му го олесниме патот. изјави столбот на одбрната на “орлите“ Немања Видич.


Мх.П.