PHIL O’DONNEL (35), капитен на фудбалскиот тим Motherwell почина откако му се слоши на саботното дерби во натпреварот од 20-то коло од шкотскиот Premiership.

Фудбалерот се срушил на крајот на натпреварот, баш во моментот на излегување од теренот при неговата измена. По колапсот пет минути го третирале медицински на теренот, а потоа со возило на брза помош бил пренсен во болница. Не е познато дали починал во болницата или на патот до таму.

„За жал морам да ја потврдам трагичната вест. Фил веќе не е со нас“ изјави претседателот на клубот    Bill Dickie  додавајќи: „Се чувствуваме потиштено. Чувствуваме огромна жал за неговата сопруга и децата. Ќе направиме се да им помогнеме сега и во иднина.“

O’Donnel во текот на сојата кариера оствари еден настап во дресот на шкотската репрезентација.Почна да игра во Motherwell каде што се врати во 2004 година. Од клубот замина во 1994 година играјќи во меѓувреме за  Celtic и Sheffield Wednesday.

Неговиот роднина David Clarkson играше во саботата заедно со него.  Motherwell го победи Dundee со 5-3 од кои два гола постигна Clarkson. Откако видел дека вујко му колабирал, напаѓачот ја напуштил играта.

 Ohridnews