Англискиот репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер се најде во центар од голем скандал, откако грчката полиција го уапси и приведе на островот Миконос.

Магваер кој е најскап дефанзивец во светскиот фудбал, заедно со уште две личности се степале пред ноќен клуб. После доаѓањето на полицијата, Мегваер и двете лица одбиле да соработуваат и биле лишени од слобода.

Во контакт сме со Мегваер. Тој соработува со грчката полиција и се надеваме на брза разврска на случајот. –  изјавија од англискиот клуб.

Мегваер може да се соочи со сериозни последици во Грција поради напад на службено лице, а, се шпекулира дека клубот од Олд Трафорд ќе му ја одземе капитенската лента.

OhridNews