Охриѓани значително ослабени ќе влезат во новиот шампионат откако капитенот Ристе Маркоски го напушти Охрид и премина во кичевскиот второлигаш Напредок.

Маркоски кој во последните две години беше незаменлива алка во тимот на “белите“ и беше еден од носителите на играта во Напредок ќе игра под палката на неговиот сограѓанец Драган Бочески.

Маркоски кариерата ја започна во младинските погони на Охрид, една сезона помина во дредот на Илинден од Велмеј.

Покрај Маркоски поголем дел од играчите кои минатата година го обзебедија опстанокот во втората лига го напуштија клубот.

Голманот Кралевски кој како позјмен во Охрид дојде од Работнички во пролетната полусезона ги подигна своите документи и е слободен играч.  – Во преговри сум со неколку клубови во Македонија, но не кријам дека желбата ми е да ја продолжам кариерата надвор – вели Кралевски.

Во потрага на нова средина е и најдобриот стрелец Атај Уљо кој сака да ја проба среќата надвор од Македонија, а како најчеста дестинација се споменува Албанија, додека исто така заврши краткиот престој во Охрид на Ѓорески Сашо кој е слободен играч.

Дел од фудбалерите се на чекор до премин премин во струшки Влазними кој преку баражот успеа да се избори за второлигашки фудбал догодина.

М.П.