Капитенот на охридските “бели“ Ристе Маркоски, размислува да го напушти ФК Охрид.

Маркоски на почетокот на сезоната имаше понуда од албанската Тирана, но договорите пропадна во последен момент по што капитенот остана во матичниот клуб.

Фудбалерите на Охрид се на “зимски распуст“, а охридската десетка во паузата од првенството за да остане во форма тренира со кадетите на Аце Вељаноски.

Имам понуди од неколку прволигашки клубови, но го чекам крајот на есенската полусезона за да седнеме на маса и да ги започнеме преговорите – вели Маркоски кого го затекнавме на тренингот на кадетите.


Маркоски во првиот дел од сезоната на дванесетте натпревари постигна два гола. И покрај тоа што сака да ја промени средината, тој не ја исклучува можноста и во продолжението на сезоната да остане да ја предводи охридската екипа.

М. П.