Најзаслужен за вториот триумф на “црвено белите“ сезонава беше Лазаров со девет голови, од кои седум ги постигна во вториот дел.
Избраниците на тренерот Талант Душабаев до 37-та минута од мечот неможеа никако да фатат резултатски приклучок.
На семафорот стоеше 17-12, тогаш се разбудија Лазаров и Маркусен кои влегоа во гол серија и во 42-та минута донесоа изедначување 18-18.
На голот од Атлетико Мадрид проработе Дал собирајќи 14 успешни интервенции. Лазаров и Маркусен (8 голови) продолжија во ист ритам решетејќи ја мрежата на романците од сите страни.
Со два тајм аути во серија Шундовски проба да ја реанимира екипата на Констанца, но ракометарите на Атлетико Мадрид не им дадоа никава шанса за било каков позитивен резултат.
Атлетико Мадрид со победата во Романија ја прекина црната серија додека ракометарите на Констанца по пет одиграни натпревари сеуште се без победа и заковани се на дното од табелата.