Капитенот на охридските бели Христијан Димовски е суспендиран и го напушта ФК Охрид.   Димоски кој во последните неколку месеци ја носеше капитенската лента по соопштувањето на одлуката од страна на управата се одлучил да го напушти ФК Охрид.


Поранешниот капитен со пет постигнати погодоци беше најдобриот стрелец во тимот во првиот дел од сезоната.


Веста за раскинот на „љубовта“ ни ја потврди и “шефот“ Гоце Маркоски кој рече дека оставил можност доколку управата и фудбалерот најдат заеднички јазик да се врати во тимот.

М.П.