Охрид ја оправда фаворитската улога и ја совлада Струга во Езерското ракометно дерби 31:24. По натпреварот разговаравме со капитените на двете екипи кои за Охридњуз ги изнесоа впечатоците од Езерското дерби.
На почетокот игравме во грч што е нормално за дерби натпревар. По 15-та минута се опуштивме малку во играта, го презедовме водството и не го испуштивме до крајот на натпреварот. – изјави по мечот капитенот на Охрид Иван Тасески кој победата ја прослави со верните Рибари на кои им упати голема благодарност за поддршката во дерби средбата, посочувајќи ја одличната атмосфера на натпреварот.
Разликата во квалитет во моментов е голема, но Струга покажа карактер и потенцијал смета капитенот на „црвените“ Златко Мојсоски.
Ова беше натпревар на Давид и Голијат. Ние се покажавме како тврд орев, нашите млади играчи не поткленкнаа на атмосферата и покажаа дека на нив може да се смета во иднина. Им благодарам на нашите навивачи- Паткари за поддршката што ни ја пружија. Амбиентот беше супер, мелем за душа за сите љубители на ракометот. Квалитетот и буџетот во моментов се на страна на Охрид но ние покажавме дека нашата млада екипа има перспектива, – изјави за Охридњуз по мечот капитенот на Струга Златко Мојсоски.
Натпреварот Охрид – Струга освен големо ривалство на теренот носи и ривалство на трибините што на Езерското дерби му дава посебен шмек.
Г.М.