Министерството за здравство ќе предложи измени во законската процедура, со што децата до 14 годишна возраст, а не до 18 како што е сега,  ќе се исклучат од куративната здравствена заштита.

На завчерашната средба на министерот Бујар Османи со претставници од Фондот за здравствено осигурување, секторот за стоматолошка здравствена заштита и од комисијата за примарна стоматологија при Стопанската комора, се констатирало дека е потребно и преиспитување на висината на капитацискиот бод.Препораките на министерството се , капитацискиот бод да се врати  од 35 на 45 денари.

Засега не планира приватизација на примарната стоматолошка здравствена заштита, но од министерството најавуваат дека во текот на идната година ќе се подготви долгорочната стратегија за развој на стоматолошката здравствена заштита.

Ohridnews