Малиот износ на средства предвидени за капиталните проекти во нацрт програмите за 2025 година говори дека и реализацијата на истите ќе се одложи повторно посочија советниците од опозицијата на денешната одржана 50-та седница на Совет. Велат продолжува трендот капиталните проекти да се ставаат во развојните програми. Од локалната уверуваат ветените проекти пред охриѓани ќе бидат реалзирани.

Во Нацрт програмата од Секторот за комунални дејности тоа што можев да забележам е дека за 2025 година за изградба на плоштадот „Крушевска Република“ предвидени се 3 милиони денари, а во развојата програма за 2026 и 2027 година сигурно ќе има уште средства бидејќи овие не се доволни за проект на пример, а не за таков опфат. Што значат овие средства дека само нешто ќе се започне годинава, бидејќи со овој износ толку може да се направи. Дали се добиени кончено сите дозволите за градба? За изградбата на катната гаража предвидени се 10 милиони денари. И за неа во развојната програма за 2026 година се предвидени средства. Значи и со катната гаража ќе се започне нешто само, не може да се направи комплетно. Со овие средства за овие два проекти само ќе се започне со нешто и далеку е од отпочнување на нешто сериозно и завршување согласно издвоените средства, рече Костоски.

Костоски посочи и на малиот износ на средства кои се издвоени и во програмите за енергетска ефикасност и животна средина.

За еден од проектите за енергетска ефикаснот на три училишта за кои дадовме согласност за задолжување, а изнесува 82 688 000 денари, во буџетот за 2025 година предвидени се само 10 милиони денари. Што тоа значи дека само ќе се отпочне со работа во 2025? Дали три училишта ќе се тендерираат со една фирма? Препорака е трите училишта со три посебни тендери, три различни фирми да ги земат и истовремено да почнат За 2026 година се превидени 15 милиони денари. Мислам дека, пак, со овие средства само ќе се започне со дел од изградбата и ќе потрае неколку години, додаде Костоски.

Советничката Живка Ангелоска посочи дека позитивно е што повеќе не се забележуваат проектите од „Ohrid Go“ кои конечно се реализирани или се во финална фаза, но негативно е тоа што како истиот Нацрт буџет да се гледа секоја година.

Продожува трендот сите големи проекти кои се предвидени за наредната година, кога ќе стигнеме на чекор до таа година да го добиваат своето место во развојната програма и ако било предвидено да бидат реализирани во 2005 година еве сега се преместуваат и се ставаат да бидат дел од тригодишните развојни програми. Ако се земе во предвид Нацрт буџетот јасно е дека во 2025 нема да започне изградбата на новото училиште во старата зграда на ОУ „Григор Прличев“, ниту на новата детска градинка. Тоа што е за очекување да видиме проектите катната гаража, велосипедската патека Охрид-Св. Стефан дека ќе бидат направени и кога нема пречки кои биле претходно да биде направен и плоштадот „Крушевска Република“. Според програмите далеку од тоа дека ќе бидат реализирани, туку се навестува дека можеби ќе бидат отпочнати. Повторно навиката е кога ќе се носи Нацртот и буџетот со ребаланси да се кратат средствата, но ете оптимистички да веруваме дека сите ветени проекти пред охриѓани ќе бидат реализирани бидејќи се од интерес на сите нас, рече Ангелоска.

Јоне Станкоски, помошник раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Охрид, посочи дека во однос на проектите за енергетска ефикасност кои се преку Светска банка за кои на минатата седница беше донесена одлука за задолжување и примање на грант, согласно динамиката во јули 2026 година треба да бидат финализирани.

Во овој момент се работи на добивање на одобренија за реконструкција за сите три училишта. За ОУ „Св. Климент Охридски“ процедурата оди преку Министерството за транспорт, додека другите две училишта се преку Секторот урбанизам. Овие средства ќе одат на посебни наменски сметки. 2025 година Општина Охрид планира да исплати 10 милиони, додека 2026 година до финализирање на остатокот 26 милиони денари. Последната рата на исплата на средства согласно таа динамика ќе бидат средства кои треба да ги исплати Светска банка. Во 2025 година е предвиден тој износ на средства зошто очекуваме активностите да започнат по завршување на процедурите. Се работи интензивно, истакна Станкоски, посочувајќи дека следната година има инвестиции и во останатите училишта.

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески истакна дека до крај на декември ќе биде издадено одобрението за плоштадот „Крушевска Република“, додека во текот на месец јануари и за катната гаража.

Двата проекти ќе бидат со издадените одобренија аплицирани на повикот на Владата што е најавен за февруари 2025, значи следната година ќе отпочнат двата проекти. Се надевам дека проектот за „Крушевска Република“ ќе биде завршен до изборите, а катната гаража дека ќе биде во напредна фаза. Во однос на велосипедската патека проектот е при крај треба да го доставиме на согласнот во ЈПДП кое е надлежно на тој потег и ќе го отпочнеме и тој проект следната година. Износите најверојтано од страна на Секторот се ставени за да отпочнат активности. Во февруари ќе имаме точно информации околку финансирањето, нагласи Китески.

Советничката Ангелоска потенцираше и дека изградбата на катната гаража ќе придонесе, но нема целосно да го реши проблемот со паркирањето во Охрид, за што треба да се размислува паралелно и за други начини кои ќе придонесат во овој поглед, додавајќи и дека кога ќе се проектираат средствата за експропријации да се имаат предвид приоритетите.

Имаме во предвид средствата кои се наменети за решавање на проблеми на граѓаните со експропријации, но реално има доста и не сум сигурен дека во еден мандат може да се решат сите, покрај индивидуални куќи има и кај згради каде луѓето вледуваат преку диви влезови. Постепено ќе гледаме да ги решаваме. Во однос на новата катна гаража точно е дека нема целосно да го реши проблемот со паркирањето, но ќе се подобри. Точно е дека треба да се бараат и други локации, но земјиште кое е чисто на Р. Македонија тешко можеме да најдеме за таа намена. Сведоци сме паркингот кај Гранит, иако е приватно место, во летниот период го ослесува паркирањето, посочи Китески.

Го спомена и претходно најавуваниот проект за префрлање на објектите на полицијата, пожарната и затворот во касарната, на кое место би се предвидел градски парк со подземен паркинг, но и дека треба да се размислува за изнаоѓање и други решенија.

Н.С.Ј.