Доцна синоќа капетанот на потонатиот брод „Илинден“, Сотир Филески, беше изведен пред истражен судија.

Полицијата го товари  за загрозување на безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот.


Дваесет и три годишниот капетан на „Илинден“ иако млад, имал долгогодишно искуство со бродовите. Тој во изјавата дадена во полиција кажал дека се случил дефект на бродот по што ја изгубил контролата врз пловилото кое се навалило на десната страна и за само неколку минути потонало.


Пред истражен судија беше изведен и помошник техничкото лице на бродот „Илинден“.

Во несреќата на бродот „Илинден“ загинаа 15 бугарски туристи.

Ohridnews