По два месеци минати во притвор во охридскиот затвор и дома, капетанот на бродот Илинден , Сотир Филески, од саботата е пуштен да се брани од слобода. Засега тој е единствениот обвинет за потонувањето на бродот „Илинден“ на  5-ти септември, кога загинаа петнаесет туристи од Бугарија.

Викедов во каналот Студенчишта се одвиваше финалната фаза од вештачењето на бродот „Илинден“, што треба да ги открие причините за големата трагедија. Тим од домашни и странски вештаци, со поставување канистри со вода изврши оптоварување на  „Илинден“ со цел да се утврди што се случувало со бродот на денот на несреќата.

Со вештачењето и експертизата на металните делови од бродот на Машинскиот факултет во Скопје ќе се комплетира истрагата за бродската несреќа, по што предметот ќе биде предаден на Јавното обвинителство.

Ohridnews