Охридските плажи безбедни за капачите
Капалиштата издадени под закуп се обележани согласно правилникот и се безбедни за капачите, рече Настоски. Тој информираше дека 17 концесионери на плажите наскоро ќе потпишат анекс за продолжување на договорите, за што услов е да ги исполнат пропишаните безбедносни услови. Нема концесионер кој не побарал да ангажира спасители, без што нема да има продолжување на договорите, рече Настоски.