Охридската Капетанија денеска поднесе предлог до Владата за ограничување на пловидбата на скутерите по Охридското Езеро.

Капетанијата предлага во периодот од 11 до 18 часот да се забрани пловидба на скутерите, со што, како што истакна капетанот Љупчо Настоски, ќе се зголеми безбедноста на капачите.

Скутерите создават голем проблем иако секојдневно се поднесуваат по неколку прекршочни пријави и се изрекува глоба во висина од 200 евра на несовесните возачи,велат од Капетанијата. Оттаму информираат дека во Македонија се регистрирани 175 скутери, од кои најголемиот дел пологват на Охридското Езеро.

Ohridnews