Во името на џипот, зимската задна лева гума и глисерот сега во овие води па дај Боже и по Нијагара да сурфаш, АМИН…..не ….не ме бендисвит….а вака…. Во името на Стефана, STRIDER 8 и 180 000 еври во кеш, сега секогаш и засекогаш АМИН…..А…поубо е вака?
А не не не бате , јас не го менвам светото тројство, го мена грешникот Стефанчо….е како кој Стефанчо. Онај шо личит на Цацко, ама мојт да јајт појќе од Цацко, дури мојт и да го изејт Цацката цел со си кондури. Ама само ако се марка. Иначе не му варит желудникот обични рабоќе пролив го фаќат. Е тој. Грешникот шо требит да ни го тргнит нашиот греф, шо прајт греој појќе пари од… Жими тебе. Не, не е тој таков. Бар по опис и попис на работните задачи. А во слободно време шо сакат мојт да прајт.
Мада јас мислам вака. Требит малку да почекаме да видиме која е намерата шо го купија глисерот, пред да речиме дека возљубените чеда на Бога се алчни, дрчни, дека не тургет сосила надвор од верата, дека се апаши, дека капетанот Стефан забега, дека опнаја 180 000 еври дур народот немат шо да јајт, а им донират и за пенџерче за в црква да реновирет, дека лажат, дека…….да почекаме.
Можно е на пример дека све то е напраено да бидат спасители. А? На плажа де. Пример да се жртвувет тек така во име на Бога, нашите страдалници, паталници, да се имет откажано од 200 иљади евричина и да се клает во служба на народот збеснат кој замисли сакат да се капет и то во лето, а овие да ги спасвет.А? Зато да почекаме. А?
З`ш нејќам произволни траскања. Никако. Е ко шо траскаа за борон шо е исечен во центарон , кај Летница? Те зли језици траскаа дека е пресечен зш некој сакал терасите да ги проширит, да приклајт маси, те сметале иглиците шо паѓале на масите, те дека се случвело да паднит смола во кафето на гости шо пиет кафе без шеќер….абре не лупајте ко Максим по дивизија. Еве пример јас. Убо го видов борот, пресеченото стебло иаку имам диоптрија 9 – ка јасно видов дека целото беше раскапано. Се видоја скоро 3 малечки точки кој се зачеток на распаѓање на борот. Не носев наочари додуша ама….
Како? Не бе брате Рихтере не си ја мачи душата. Не треси појќе. Аре од 18-ти јуни маваш горе-долу лево-десно, горе-десно, долу-лево, абре ти снема комбинации. Не бре арслан не мрдет тие, не се мафлосвет. Ти незнајш шо е да си имаш работа со скопјани. Абре ги аздисаа аптекине, на кило дијазепам купват, се тресет, в гашчи се серет ама не си одет од Охрид. Не мачиси ја душата.
Море чоек, сите станој имет во градов не оту се влезени во нив. Окапаа по кампојне, за со без пари, за со триста попусти. Не се глупи да одат по станојне или под сачон да се враќет да се печет ко гуштерици. Мана ти неколку 3-ојки, па крена 4-ка, ама после 5-ката ко не се мафнаа ко не заминаа аман не пробви пак имај милост за нас охриѓаниве.
Ар нас ќе не истераш ќе ни се напикет ко глувци во станојве наши и ќе ни земет станарско право. Слушај ме ти мене брате, немојш на крај да излезиш со чистокрвниве скопјанишча од Валандово, Виница, Крива Паланка, Кратово….а и оо кај знајш бе брате за нив ко си роден Охајо, а татко ти бил Германец.
Абе за него све ми е јасно. Тук не ми е јасно, а одавна сакав да те опитам. Ме инересират онај….чек можда поарно е да речам онаа……дан згрешам…ај вака ОНА. Значи прв пат во НСРМ го легнаа ОНА и напрај ја пластична операција и менаја докториве пол на ОНА. Не не …друго ме интересират…не лично за ОНА, чешче убо да му е и на крштевки да не викат….тук круцијалното прашање ми е од која партија е ОНА, а од која докторите? Кој е од СДСМ, а кој од ВМРО?
Абе чисто информативно да знам кај кого остана вагинчето, кај кого стапот. Кој ќе дупит, а кој ќе е дупен.
ЏИМИ
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите