Италијанскиот стручњак  во Лондон се состанал со челниците на англискиот фудбалски сојуз, а објавата за неговото превземање на англиската репрезентација се очекува најдоцна до петок.

Би-Би-Си јавува дека Капело вчера утро  долетал во Лондон и ги започнал преговорите со англичаните, а ако сепак не биде постигнат договор, првиот следен кандидат е исто така италијанец, Марчело Липи, актуелен светски првак. Интерсно е дека ниту еден од нив двајца не зборува англиски.

Како што е веќе познато Жозе Мурињо, кој беше прв кандидат за селектор по разговорите со извршниот директор на англискиот фудбалски сојуз се повлече. Капело има освоено девет првенствени титули во сите четири клуба кои ги тренираше во текот на својата кариера, а со Милан во 1994 година триумфираше и во Лигата на шампионите.

Бројни стручњаци и познавачи на рабатата на Капело на теренот, но и вон него, како Рут Гулит и Дино Ѕоф предупредуваат дека Дон Фабио нема да ги толерира играчите кои не даваат баш се од себе, а англиските таблоиди се сигурни дека поранешниот тренер на Милан, Јувентус, Реал и Рома ќе стави крај на владеењето на сопругите и девојките на англиските фудбалери, така да нема да бидат сеприсутни околу фудбалерите пред важните мечеви.

Меѓу почитувачите на работата на Капело е и Алекс Фергусон:„За да некој ја води репрезентацијата потребни се одреден број на години и многу искуство, а остварувањата и биографијата кои стојат зад Капело се беспрекорни“.

Џанкарло Галавоти, лондонски дописник на „Газета дело спорт“ вели дека Капело е карактерно идентичен на Фергусон:„Тој е своеглав победник и се што е потребно ќе жртвува-и играчите и соработниците со кои бил со години за  тоа да го оствари.“
Неговите референци се неверојатни, ако Англија со него не успее, тогаш тоа е многу загрижувачки за англиската репрезентација“.

ohridnews