Екипата на Интер се наоѓа на добар пат да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А и после една деценија да се искачи на пиедесталот во италијанскиот фудбал. Трката за титулата завршена ја смета легендата на Јувентус и Милан, Фабио Капело, кој го прогласи Интер за нов шампион на Италија.
Со недели зборувам дека Интер е нов шампион. Трката околу титулата заврши после поразот на Милан на гостувањето кај Специја. Моментално, Интер е покомплетен тим од Милан и Јувентус, затоа Антонио Конте заслужува честитки, – изјави Капело.
Последен пат Интер шампион на Италија беше во 2010 година кога на клупата беше Жозе Мурињо, а за екипата играше Горан Пандев. Таа година, Интер освои три титули, триумфирајќи во Серија А, Лигата на Шампиони и Купот на Италија.
OhridNews