Трофејниот италијанецот на клупата на “Гордиот Албион“ , Фабио Капело смета дека Сер Алекс Фергусон е најдобриот тренер во фудбалската историја .– Неверојатно колку долго време се задржа на клупата на Манчестер Јунајтед. Се менуваа екипите, фудбалерите дури и фудбалското сваќање е подобрено но тој секогаш излегува како победник – вели Капело


Легендата на “бебињата“ Сер Мат Бејзби на клупата на Јунајтед “преживеал“ 8810 дена. Импозантен е фактот  кој вели дека Сер Алекс Фергусон по минати денови на клупата го мина својот идол. Стариот лисец, “црвените ѓаволи“ ги презеде во далечната 1986 и ги донесе до две злата во Лигата на Шампиони и 11 титули во Премиер Лигата.- Му посакувам да остане во Манчестер Јунајтед уште 20 години – рече англискиот селектор Фабио Капело.


Алекс Фергусон со трофејот од ЛШ во 2008 година

Мх.П.