Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ја испочитува вековната традиција и за празникот Богојавление – Водици се искапи во студентите води на Охридското Езеро во месноста Мазија, на градскиот кеј.
За разлика од претходната година кога Георгиески се капеше заедно со неговите сограѓани на градското пристаниште, овој пат тој тоа го направи сам. Претходно Градоначалникот ги повика охриѓани да ги почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот и да избегнуваат групирања за празникот.
Во духот на христијанските вредности, во “Долна Влашка Маала” на “Мазија” ја продолжив мојата Богојавленска традиција! Нека ни е за многу години Водици, здравје и радост за сите! Бог се јави! – напиша на социјаните мрежи градоначалникот Георгиески.
Г.М.