Една од познатите „двороги“ капи на Наполеон е продадена на јужнокорејски колекционер за повеќе од 1,5 милиони евра. Филцаната капа на францускиот император е еден од 19 сочувани примероци, од кои некои се во приватни колекции а некои се изложуваат во музеи. Наполеон имал приближно 120 капи кои ги носел во борбите. Името на купувачот не се наведува, а аукцијата била одржана во градот Фонтенблоу, во департменот Сена и Марна.
Капата на Наполеон е чувана во колекција на музејот Монако заедно со други предмети поврзани со Наполеон. Колекцијата ја собирале претците на актуелниот шеф на државата, принцот Алберт Втори. Колекцијата, со повеќе од 1000 предмети, која се нашла на аукција, ја опфаќа и сабјата на императорот обложена со скапоцени камења, посмртната маска на Наполеон Бонапарта, лични писма, пушка со иницијалите на „малиот Корзиканец“, негова биста, бронзен орел…