Канзас Сити ноќеска во Парадајс го победи Сан Франциско со 25:22 по продолжение во Суперболоот и втор пат по ред стана шампион во НФЛ.
Мекол Хардман Џуниор, го постигна победничкиот тачдаун на три секунди до крајот на првото продолжение.
За Канзасова е четврти Супербол трофеј во историјата на американскиот фудбал.
По овој трофеј Канзас се изедначени со Грин Беј и Њујорк по бројот на шампионати во НФЛ.
Рекордот им припаѓа на Њу Ингланд и Питсбург со по шест титули, а потоа следат Далас и Сан Франциско со по пет освоени Супербола.
OhrridNews