Кантите за селекција на отпад ќе се доделуваат до крајот на месецот, а во март ќе биде објавен Kалендар за динамиката на подигнување, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ по реакциите од страна на граѓаните во поглед на подигнување на селектираниот отпад.

Доделувањето на кантите е во тек, заклучно со 28 февруари и со самото доделување граѓаните се известени дека од месец март 2025 година ќе биде објавен Календар за динамиката на подигање на селектираниот отпад од хартија и пластика, посочуваат.

Граѓаните реагираа и дека отпадот се собира заедно со останатиот и се депонира на Буково. Од претпријатието со спротивен став.

Со започнување на реализација на Календарот за подигнување на селектиран отпад од хартија и пластика за 2025 год., истиот ќе се собира посебно, а потоа ќе се балира и продава од страна на ЈП „Охридски Комуналец” -Охрид, информираат.

Од претпријатието потенцираат дека селекцијата и рециклирањето на отпадот се најдобар начин да се зачува животната средина, се намалува потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето на воздухот и водата, а од друга страна неговата реупотреба продуцира профит и намалување на количествата на отпад кои завршуваат на депонија.

Н.С.Ј.