Канти за селекција на органски отпад, кој е клучен во процесот на компостирањето, доби ЈП Градски Пазар како донација во рамки на проектот „Процес на компостирање за одржливост“ кој го спроведува во соработка со организацијата „AGRO Ecolife – Ohrid” поддржан од Американската амбасада во Скопје.

Како одговорен партнер, посветени сме на промовирање на еко-пријателски практики и подигање на свеста за селекција на отпадот во нашата заедница. Овој проект е уште еден чекор напред во нашите заложби за заштита на животната средина и поттикнување одржлив развој, велат од претпријатието.

Преку оваа соработка, посочуваат, одржана била и практична обука за компостирање и тренинг сесија, во ЈП Градски Пазар Охрид со цел да се научи правилно управување со органски отпад и негова трансформација во корисен компост.

Ги повикуваме сите граѓани и компании да се вклучат во оваа иницијатива и заедно да работиме кон позелена иднина, порачуваат од претпријатието.

OhridNews