Раперот Канје ја нападнал Лејди Гага во интервјуто кое го дал за радиото BBC.
Канје изјавил дека Лејди Гага прифаќа разноразни проекти само за да дојде до пари. Како еден таков проект го навел нејзиниот ангажман за компанијата “Полароид”.
“Што знае таа за камерите? Сите музичари се обидуваат да заработат што повеќе пари промовирајќи најразлични производи!” – рекол Канје.
Исто така додал дека тој денес не би се занимавал со музика ако не бил Мајкл Џексон. “Успеав да се искачам високо затоа што темелите на човековите права ги изградија мојата мајка, мојот татко и мојот дедо. Не би бил она што сум ако не беше Мајкл Џексон. Мораше да се избори да се пушта неговиот спот на телевизија затоа што беше црнец!” – заклучил Вест.