Раперот Каније Вест кој е во врска со старлетата Ким Кардашијан, ја запросил  токму на нејзиниот 33 роденден. Каније за оваа прилика го изнајмил целиот бејзбол стадион “АТ&Т” во Сан Франциско.

Прашањето дали Ким ќе биде негова жена, познатиот рапер го поставил пред нејзиното семејство и роднини. Неодамна двојката доби ќерка која го носи името Норт Вест. Истата вечер, Каније бил презентер на наградите “Hollywood Film Awards”.