Во населбата Канео наскоро со работа ќе отпочне тренинг камп за спасители и алпинисти. Тие ќе тренираат на карпата над населбата на која како што веќе пишувавме се поставени карабинери и клинови.
Тоа е само дел од опремата која ќе биде поставена на оваа карпа, која ќе служи за обука на спасители и алпинисти, ни изјави Антонио Додоски, од Единицата за спасување при Црвен крст – Охрид. Тој не информираше дека просторот со дозвола на црковниот одбор го уредува новоформираниот алпинистички клуб „Апекс“, кој обуката ќе ја врши во соработка со Црвениот крст.
На карпата ќе има 7-10 спортско-качувачки насоки и ќе се вежбаат техники на спасување, додаде Додоски.
Ohridnews
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com