Ким Кардашиан изјавила за американските медиуми дека во врската со Кање Вест добила потреба да се облекува пософистицирано. Рекла дека секоја девојка и момче разговараат за својата облека, и се прашуваат дали им се допаѓа тоа што го облекуваат. Неа и требале нови совети. Со оглед на тоа што Кање Вест  е моден дизајнер, ги послушала неговите. Таа исто така признала дека претходно умеела да претера во облекувањето.
Изјавила дека умеела да облече мини сукња, да го отвори деколтето, да стави голем ланец на деколтето и огромни обетки, а на ногата задолжително носела висока потпетица. Сега научила дека така не треба. Ким на совет од Кање престанала да носи вештачки трепки. Сега носела само едно парче накит.