Кање Вест блиско соработува со пејачката Пиа Миа, и продуцира песни и и дава совети за работата и кариерата. тврди дека нивниот однос е строго професионален, но прашање е дали ќе може да остане имун на заводливиот глас на младата пејачка.
Извор открива дека Ким Кардашиан би можела да биде љубоморна на нивниот однос, но судејќи по неодамна објавените фотографии во Вог, нема причина за паника. Бидејќи свадбениот ден е се поблизу, Ким сигурно нема време да се занимава со трачевите кои кружат околу нејзиниот вереник. Пиа Миа Перез е млада пејачка која огромна популарност стекна кога на Јутјуб објави своја верзија од песната на Дрејк „Hold On We Are Going Home“.