Кање Вест очајнички сака да стане сопственик на „Neverland“ на Мајкл Џексон. Извори блиски до раперто тврдат дека отсекогаш бил опседнат со тој имот, но не можел да дојде до него бидејќи не бил на продажба. Сега кога „Neverland“ конечно е на пазарот настанал нов проблем, бидејќи Кање не сака да плати онолку колку што бараат за него.
Имотот, кој сега се вика „Sycamore Valley Ranch“ бидејќи така се викал и пред Џексон да стане негов сопственик, се продава за вртоглави 65 милиони фунти, а Кање се обидува да ги наговори Џексон Естејт да ја намалат цената за некои десет милиони. Иако Ким и Кање неодамна се вселија во својата 20 милиони долари вредна вила, тој веќе размислува за преселба.