Раперот Кање Вест сака да сними дуетска песна со својата бремена девојка Ким Кардашиан како би можеле да му ја пеат на своето дете кога ќе се роди. Познатиот музичар кој минатиот викенд на својот настап објавил дека Ким Кардашиан е бремена, го резервирал музичкото студио за крајот на јануари. Тој и неговата партнерка мислеле дека е одлична идеја да снимат музика која ќе му ја пуштаат на бебето кога ќе се роди.
Исто така како што сакаат да снимат заедничка нумера, медиумите пишуваат дека парот сака и да ја документира бременоста на Ким Кардашиан во ново телевизиско реално шоу кое најверојатно ќе се прикажува на каналот „Е“.