Американскиот радио водител Рајан Сикрест навестил во својата емисија дека Кање Вест за време на викендов ќе ја запроси Ким Кардашиан и така ќе и го разубави роденденот. Сикрест за време на својата емисија рекол дека Ким сака подарокот за роденденот да и биде веренички прстен, и додал дека е многу можно за брзо време да читаме за веридбата на познатиот пар.

Интересно е дека Сикрест е еден од продуцентите на реалното шоу на Ким Кардашиан, па е извесно дека неговата информација е веродостојна кога е во прашање приватниот живот на овој пар. И други извори потврдиле дека Кање веќе некое време размислува за купување прстен за својата девојка, а доколку тоа се случи, тоа ќе биде негово трето запросување во животот.