Американскиот рапер Кање Вест ќе го има своето режисерско деби на Канскиот фестивал, каде во среда ќе го претстави својот краток филм “Cruel Summer”. Како што пренеле медиумите, Вест и неговата креативна група „DONDA“ ќе прикажат краток уметнички филм надвор од натпреварувачката селекција.
В своето соопштение за медиумите, популарниот рапер најавува спој на краткиот филм и уметничките инсталации, и ги повикал гледачите да уживаат во искуството со седум екрани. Тој претходно режирал музички видео спотови за своите песни, како хитот “Runaway” од 2010 година.