Раперот Кање Вест. новопечениот татко, ја запросил мајката на своето дете, реалити ѕвездата Ким Кардашиан, неколку дена откако по природен пат го родила нивното прво дете. Ким го прифатила запросувањето, а парот планира да се венча во септември во Париз. Иако Кање на идната сопруга не и подарил веренички прстен, тој и купил дијамантски прстен за раѓањето на ќерката вреден 600 илјади евра.

Парот во калифорниската болница минал четири дена, по што се упатиле на тајна локација каде ќе уживаат со своето бебе. На престојот во болницата потрошиле околу 200 илјади евра.