Риалити ѕвездата Ким Кардашиан целосно се променила откако се омажила за раперот Кање Вест, барем така тврдат нејзините пријатели. Извор за медиумите рекол дека се претворила во личност каква што ја замислувал Кање. Од неа барал да ја промени гардеробата, ја терал да се дружи со неговите пријатели. Едноставно потполно презел контрола над нејзиниот живот.
Се чини дека Ким премногу внимателна кога е во близина на својот сопруг. Меѓу нив недостигала заиграноста. Иако сега изгледа како да има се, сопруг и дете, сјајот во нејзините очи исчезнал. И било тешко да му задоволи на Кање. На сите им зборувала дека е среќна со него, но доколку тоа е вистина, зошто изгледа толку тажно цело време, се запрашува неименуваниот извор близок до ѕвездата.