Раперот Кање Вест уште еднаш покажал дека не штеди пари која е во прашање Ким Кардашиан, на која на подарок и ја купил куќата на Елвис Присли. Популарниот Грејсленд моментално е во сопственост на Лиса Присли, ќерката на некогашниот крал на рокот.
Извор близок на парот открил дека Кање бил многу возбуден поради можноста да го купи некогашниот дом на Елвис. Многу му се допаднала идејата со сопругата и ќерката да живеат во него. Куќата има четири спални соби и пет тоалети, а се наоѓа на површина од половина хектар со поглед на Лос Анџелес. Се проценува дека домот вреди околу 55 милиони долари.