За време на турнеите, тимот на Џеј Зи на секој хотел во кој раперот отседнува му предава попис на специфични и по малку ексцентрични барања кои мораат да се исполнат. Сопругот на Бијонсе и музички могул бара температурата во собата да биде точно 21 степен Целзиусов. Во собата мора да има три свеќи со мирис на медена цветна нијанса на јасмин и портокал. Мирисот е тежок и сенузален. Од пијалоци, задолжително мора да има шампањ „Ace of Spades“, кој не го плаќа бидејќи го поседува тој бренд. Исто така бара собата да биде безбедна за деца бидејќи често со него патува и ќерката Блу Ајви, а за неа бара и органско полномасно млеко. Освен тоа строго е забрането користење на правосмукалка во близина на неговата соба и барање од него или неговиот тим бесплатни билети за концертот.
Неговиот колега Кање Вест инсистира во собата да има вази со цилиндричен облик и врста звучници кои не се произведуваат веќе десет години. Исто така во тоалетот мора да има црни пешкири и конец за заби со вкус на ментол. Од храна бара житарици „Kash GoLean“, а за пиење мора да има 13 шишиња алкохол вредни две илјади евра. И сопуругата на Џеј Зи Бијонсе имала посебни барања за време на турнејата ‘Mrs Carter Show’ во 2013 година. Пејачката во секоја хотелска соба барала алкална вода, нови тоалетни даски и црвена тоалетна хартија. Водата ја пиела со посебни сламки од титан вредни неколку стотици евра.