Раперот Кање Вест е познат по бурните реакции, па од него може да се очекува се. Тој гостување за затварањето на спортското натпреварување Пан Американ Гејмс во Торонто, но неговиот концерт траеше само 13 минути. Како што пренесуваат странските медиуми, раперот бил револтиран поради техничките проблеми, па решил да го прекине концертот.

 

Со оглед дека микрофонот не работел добро, со самото тоа ниту публиката не можела да го слушне неговото изведување. Вест, бесен, го фрлил микрофонот и слегол од бината, а публиката останала во шок. Кање пред настапот предизвикал проблем кај организаторите, бидејќи 50 илјади луѓе потпишале петиција против неговиот концерт.