Раперот Кање Вест веќе со месеци залудно ја молел уредничката на американскиот „Вог“ неговата поубава половина Ким Кардашиан да се најде на насловната страна на популарното списание. Меѓутоа, молбите не вродиле со плод, бидејќи Ана Винтур, како што наведуваат медиумуте, ја презирала Ким. Таа за Ким изјавила дека е најлошата личност откако се појавиле чорапите и сандалите.
Ким и Винтур се во јавна кавга откако старлетата минатата година не успеала да влезе на „Мет Гала“ балот во Њујорк, бидејќи тоа и го забранила Винтур. Сепак, Кање бил на балот, бидејќи како што пишуваат американските медиуми, Ана за него мислела дека е прекрасен. Влезницата чинела 25 илјади долари.