Центар за култура „Григор Прличев“
Од 14.02.2020 - 20:00 до 15.02.2020 - 21:30
Поради зголемениот интерес филмот „Медена земја“, кој беше македонски кандидат за Оскар, повторно ќе се прикажува на кино репертоарот во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид.
Проекциите ќе има во петок 14-ти и сабота 15-ти февруари 2020 година, со почеток во 20.00 часот, информираат од националната установа.
Цена на карта 100 денари.
OhridNews