Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче околу пладне на градскиот пазар ќе има средба со пазарџиите. Во рамките на своите дневни активности, во 13 часот во хотелот Ривиера ќе оствари и консултативна средба со претставниците на Заедницата на трговци од Охрид, за да се запознае со проблемите кои ги имаат луѓето од оваа област, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму најавуваат дека денес во 11 часот пред просториите на општинскиот комитет ќе се огласи и портпаролот на партијата, Јованчо Секулоски.

Ohridnews