Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ ќе се знае по Нова година, изјави денеска претседателот на општинскиот комитет Борче Стефановски. Извршниот комитет сеуште нема донесено одлука кој од предложените кандидати ќе ја трча трката за градоначалник“, изјави Стефановски на предновогодишната средба со новинарите.


Одговарајќи на новинарско прашање, Стефановски посочи дека во потесен избор за кандидат за градоначалник на Охрид се четворицата пратеници: Анита Кипаризова Крстевска, Цветко Грозданов и Владо Стефановски. Претседателот на општинскиот комитет не ја исклучи можноста во трката за градоначалник да се вклучи и петто лице, надвор од веќе утврдениот потесен список на кандидати. Запрашан дали можеби тоа е актуелниот директор на ЕЛЕМ, Владимир Чингоски, Стефановски рече дека тој не се пријавил во партиската процедура. „Но, не се исклучува кандидат за градоначалник да биде пети или шести човек“, додаде Стефановски.

Претседателот на општинскиот комитет на средбата со новинарите се осврна на постигнатиот успех на ВМРО ДПМНЕ на парламентрарните избори и реализираните проекти на владејачката партија во Охрид во 2008 година. Стефановски честитејќи им ја Новата година на охриѓани вети нова визија за Охрид во 2009 година и нови проекти кои, како што рече,  ќе го подобрат развојот на градот.

Г.М.