Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче, заедно со претседателот на партијата, Петар Колев, и членови на Граѓанско Демократската Унија, денеска го посетија манастирот Св. Петка во Велгошти.
Нанче се сретна со локалниte жители и разговараше со нив за основните проблеми со кои што се соочуваат.
Еден од основните приоритети е Општината да заживее, и освен традиционалниот, да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам. – вели Трендафилов. Тој ги праша мештаните колку од предизборните ветувања на претходните градоначалници на Охрид за развојот на Велгошти се исполнети, дотолку повеќе што во разговорите со локалните луѓе слушнал дека секогаш тие што дошле до градоначалничката фотелја ветувале многу, но речиси ништо не исполниле. Велгошти, исто како и сите останати населени места во охридско, е под ударите на „белата чума“, додаде Нанче.
Претседателот на ГДУ, Петар Колев, се заблагодари за гостопримството на велгоштани и потсети дека време е за промена, а не за замена. Ја побара нивната поддршка на 21 април масовно да го заокружат бројот 4 за Михаил Трендафилов- Нанче.
OhridNews